Несторовски не знае што е старост… двоен стрелец во победата на Славен во Горица (ВИДЕО)

112

Одлична, прекрасна „опаска“ на коментаторот кој што го покриваше преносот на дуелот од ХНЛ шампионатот помеѓу Горица и Славен Белупо денеска на кој што нашиот интернационалец Илија Нестроровски постигна два гола во победата од 3:5.

„Ilija Nestorovski ne zna za starost“…. беше коментарот откако Нестор го постигна првиот гол на овој меч за 0:1. Алудирајќи секако на годините на нашиот напаѓач кој што сезонава веќе има девет гола во ХНЛ шампионатот.

Тој потоа погоди и во 65. минута од пенал, за 3:4, што потоа се покажа и какo еден од клучните моменти на дуелот.

ПретходноФФМ: ВАР денеска успешно реагираше пет пати
СледноРеми на Торино и Лече