Столе добар, ама овој Реал е страшен!

203
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Столе Димитриевски вечерва на “Местаља“ уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите голмани во Ла Лига, ама бадијала кога неговата Валенсија е една од најслабите екипи во шпанскиот шампионат.

Валенсија – Реал Мадрид 0:3. Тимот на Жозе Мурињо уште еднаш покажа сила, “Специјалниот“ очигледно е дека го “стегнал“ Реал и дека овој Реал е страшен.

Валверде во 28 минута постигна гол за 0:1, осум минути подоцна Ѓулер зголеми на 0:2, за да Турчинот во 75.минута му асистираше на Мбапе за конечни 0:3.

Треба да се каже дека пред мечот владеаја силни емоции на “Местаља“ кај сите присутни кога му се оддаваше едноминутно молчење на починатиот Хезус Де Мигел.

Сепак се чини дека најголемото шоу го направи Мафео на полувремето на она кусо интервју за ТВ, кажа дека ваквите интервјуа се ср*ње и додаде дека не е задоволен од судењето.

Со оваа победа Реал Мадрид сега има 30 бодови, исто колку и водечката Барселона, но каталонците допрва ќе го одиграат својот меч од 12.коло.

ПретходноРома рутински до убедлива победа против Сасуоло