Лазаров смирува: На крајот на мај, Грција ќе гостува на нашиот терен!

99

Македонската ракометна репрезентација го запиша првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година. Селекторот, Кирил Лазаров беа совладани на гости кај Грција со 29-24. Ова беше натпревар во кој „црвено-жолтите“ одиграа под своите можности особено во првото полувреме.

Иако разочарувањето е големо, сепак ништо не е завршено. Македонија има да одигра уште четири меча, еден од нив е против Грција на домашен терен, а добро е познато дека пред своите фанови нашата репрезентација е незаприлива.

„Сметам дека грчката репрезентација заслужи да победи денеска. Беа подобриот тим. Многу лошо го започнавме натпреварот. Имавме респект кон Грција, но тоа не беше доволно. Новиот играч на позицијата лев бек (Статис) беше изненадување за нас. Тој е млад ракометар кој постигна многу голови. И Тоскас одигра одлично.

Мораме да одиме чекор по чекор. На крајот на мај, Грција ќе гостува на нашиот терен и верувам дека токму тој натпревар ќе одлучува за второто место во групата.“, изјави после поразот Кирил Лазаров. 

ПретходноЕгипет му врачи отказ на селекторот Хосам Хасан
СледноПодмладениот женски сениорски национален тим ги одработи првите тренинзи во Скопје