Првата тенисерка во светот го откажа настапот на завршниот ВТА турнир

0
Елена Рибакина, првата тенисерка на светот, го откажа настапот на завршниот ВТА турнир на осумте најдобри тенисерки во сезоната, кој во недела започнува во Индијан Велс. Казахстанката, која минатата година во Ријад го освои турнирот без загубен меч, како причина за откажувањето ја наведе вирусната инфекција. Така, нема да ја брани титулата.

„Многу ми е жал што морам да ги известам навивачите дека оваа година се повлекувам од настапот на завршниот ВТА турнир. Имав неверојатна сезона, но моето тело физички не е подготвено за натпреварување. Ќе одморам и ќе се опоравам дома, а потоа ќе започнам со подготовките за 2027 година“, порача Рибакина.

Откажувањето нема да влијае врз нејзиниот статус на прва тенисерка во светот, кој го обезбеди до крајот на годината. Рибакина оваа сезона освои четири турнири, меѓу кои Австралија опен и САД опен, а заедно со Вимблдон од 2022 година сега има три грен-слем титули. Сезоната ја заврши со учинок од 54 победи и 14 порази.

Кон крајот на минатиот месец, поради повреда на вратот, без борба го предаде четвртфиналниот меч на турнирот во Токио. Иако уште тогаш беше сигурно дека годината ќе ја заврши на првото место, сепак, не успеа да се подготви за завршниот турнир.

На местото на Рибакина на турнирот ќе настапи Украинката Марта Костјук. Таа веќе во недела, во првото коло од групата 1, ќе игра против Чехинката Линда Носкова. Во истата група се и Американките Коко Гоф и Џесика Пегула.

ПретходноРаботнички нема намера да застане – оди по „шест од шест“ пред вечното дерби!