Бадел 1862 и Вардар продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени. Двата тима ја запишаа четвртата победа во исто толку одиграни натпревари и остануваат на врвот на табелата.
Баделки славеа на гостувањето кај Патриот 2016 со убедливи 65:41. Иако домашниот состав подобро го отвори натпреварот, клучна беше втората четвртина, во која избраничките на Дарко Димитријевиќ направија серија од 23:5 и на полувремето заминаа со предност од 38:15.
Николов беше најефикасна со 19 поени, додека Клири постигна 13.
Успешен настап имаше и Вардар, кој на домашен терен го совлада Пробаскет со 88:73. Вардарки ја презедоа контролата во вториот период, а со одлична трета четвртина (25:16) ја потврдија победата и продолжија со максимален учинок.
Во отсуство на повредената Тасевска, блескаше Пислевска со 29 поени, шест асистенции и пет скока. Трајковска и Илиевска постигнаа по 12 поени.
Во дербито на колото, актуелниот шампион Крива Паланка го совлада Баскет Кам со 81:66, па двата тима сега имаат биланс од по две победи и два порази.
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
Крива Паланка – Баскет кам 81:66
Патриот 2016 – Бадел 1862 41:65
Вардар – Пробаскет 88:73
Гевгелија – МЗТ Скопје Аеродром одложено
ТАБЕЛА: Вардар 4/0, Бадел 1862 4/0, Крива Паланка 2/2, Баскет кам 2/2, Пробаскет 1/3, МЗТ Скопје А 1/2 (-1), Гевгелија 1/2 (-1), Патриот 2016 0/4;
ИДНО КОЛО (21.11)
МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка
Баскет кам – Патриот 2016
Пробаскет – Гевгелија
Бадел 1862 – Вардар










