„Крвникот“ на Вардар одби да излезе на терен: „Судиите му ја дадоа титулата на РФС…“

0

РФС е новиот првак на Летонија и тоа беше јасно уште во минатото коло откако оваа екипа стигна до недостижна предност од шест бода во однос на лутиот ривал и актуелен првак – екипата на ФК Рига. А на ден во пресрет на големото дерби и дуелот ФК Рига – РФС се случи невиден скандал.

Со официјално соопштение од актуелниот првак ФК Рига најавија: “Жалиме што мора да се одлучиме на ваков потег. Ние нема да го одиграме дуелот РФС во знак на револт за сето она што ни се случуваше во текот на целата сезона. Многупати реагиравме но федерацијата која не ги осуди грешките на арбитрите кои беа на наша штета а во корист на РФС. Тие се заслужни за нивната титула“, се огласија од ФК Рига и со тоа ставија до знаење дека сезоната во Летонија ќе заврши на скандалозен и невиден начин.

ФК Рига летово играше со Вардар во квалификациите од Конференциската лига и тоа е клуб кој сега игра во групната фаза од ова натпреварување на УЕФА. Летонците го елиминираа нашиот првак а интересно е и тоа дека и тимот на КуПС од Финска со кој играше Вардар во првото коло од Лигата на шампионите не ја одбрани титулата во својата земја. ФК Рига има 10 бодови повеќе од второпласираната екипа на Ауда и доколку добие максимална казна од 12 бодови би можеле сезоната да ја завршат како третопласирани.

ПретходноПобедничка фотографија на Шкендија Арачиново во Гостивар