Табела во ПМФЛ по 13.коло: Сега Струга ТЛ е лидер, Вардар и Тиквеш се на -3 од Шкендија (Т)

85

Изминатиот викенд се одиграа сите пет средби од 13.коло во ПМФЛ. На двете дербија резултатот беше 1:0. Струга ТЛ како домаќин славеше против Шкендија (Т), додека Вардар како гостин во Кратово го победи Силекс исто со 1:0.

Па така сега на табелата по ова 13.коло дојде до смена на врвот. Сега Струга ТЛ е лидер со 29 бодови пред втората Шкендија (Т) која има два помалку, односно 27 бодови. Победничкиот гол на Христијан Малески ја однесе Струга ТЛ на врвот.

Тиквеш и Вардар се трети и четврти на табелата со 24 бодови или -3 зад тетовските “црвено – црни“. Сега и дефинитивно се знае дека битката за титулата ќе биде интересна а овие четири екипи се кандидати за тронот.

Следуваат Шкендија (А) со 18, потоа Силекс со 17, Брегалница со 14, Башкими со 11, Арсими со 10 и убедливо е последен тимот на Скопје кој и по ова 13.коло сеуште нема победа.

Сега следува двонеделна пауза поради репрезентацијата а следното 14.коло на програмата е на 20,21,22 ноември.

ТАБЕЛА ПО 13.КОЛО

1.Струга ТЛ 29

2.Шкендија (Т) 27

3.Тиквеш 24

4.Вардар 24

5.Шкендија (А) 18

6.Силекс 17

7.Брегалница 14

8.Башкими 11

9.Арсими 10

10.Скопје 4

ПретходноЛејкерси победуваат и без Дончиќ, Мајами фаќа залет
СледноСтрашна напаѓачка моќ: Барселона во просек дава по 4 гола на натпревар!