Футсал: Македонија денеска на гости кај Финска ги стартува квалификациите за СП

50
ФОТО:FFM.MK

Футсал репрезентацијата на Македонија, доцна попладнево од 17:30 часот и гостува на селекцијата на Финска, во првиот меч од квалификациите за пласман на СП 2028. Познато е дека Македонија се наоѓа во групата 4 заедно со Финска и Шпанија. Првопласираната селекција оди директно на Мундијалот, додека второпласираната има шанси како една од најдобрите четири селекции да се пласира на СП 2028.

Македонија ќе одигра четири меча, два дома и два на гости а денеска избраниците на селекторот Газменд Хисеини на гости кај Финска го играат првиот меч. Досега меѓусебе одиграа Шпанија и Финска и победи „Фуријата“ со 3:1.

Следниот меч во оваа втора фаза од квалификациите, нашата репрезентацијата ќе го одигра против Шпанија на 8 декември на свој терен.

Нашите репрезентативци неколку дена се подготвуваа за денешниот меч, се надеваме на добар настап.

ПретходноДарко Чурлинов: Веруваме во позитивни резултати
СледноФИФА и УЕФА итно пристигнуваат во Белград!