Кукуреља нема дилеми: Реал моментално е подобар од ПСЖ!

0

Марк Кукуреља смета дека Реал Мадрид во моментов е најдобриот фудбалски тим во Европа, дури и пред актуелниот европски првак Пари Сен Жермен. Во интервју за шпанското радио COPE, дефанзивецот истакна дека мадриѓаните се во одлична форма и дека зад себе имаат серија квалитетни натпревари.

Кога бил прашан дали Реал е подобар и од ПСЖ, Кукуреља призна дека не ги следи редовно натпреварите на францускиот клуб, но додаде дека парижаните имаат одличен состав и долгогодишен проект. Интересно е што Кукуреља посебно го издвои Арда Ѓулер како фудбалер кој најмногу го изненадил. Според него, турскиот репрезентативец има огромен квалитет, а играта на Реал изгледа подобро и поповрзано кога тој е на теренот.

Шпанецот застана и во одбрана на Винисиус Жуниор, нагласувајќи дека Бразилецот веќе пет години игра на исклучително високо ниво и дека сегашниот пад во формата не треба да ги засени неговите квалитети. Реал во моментот има серија од осум последователни победи во сите натпреварувања, но во Примера е втор зад Барселона, додека ПСЖ е пред мадриѓаните во лигашката фаза од Лигата на шампионите.

ПретходноЛинделоф се препороди во Вила, сега доби и нов договор