Ја одбра Турција: Курталан не сака да игра за Македонија!

0

Се чини дека Арда Курталан нема да игра за Македонија. Имено 23-годишниот десен бек, барем такви се последните информации од Турција, ќе чека повик за настап за селекцијата на Турцција. Да потсетиме дека десниот бек на Гезтепе, играше за нашите млади селекции до 19 и 21 година, но не заигра за А-репрезентацијата.

Фудбалската федерација на Македонија во јануари се обидела да го привлече Куртулан да настапува за Македонија, но тој не одговорил на повикот.

Инаку Куртулан во јануари имаше пазарна вредност од 2,5 милиони евра, а сега, десет месеци подоцна, вреди дури 8 милиони евра. Доколку го прифатеше повикот од Македонија, ќе беше нашиот втор највреден фудбалер.

ПретходноЕндрик: Мурињо ме прави уште помотивиран да се докажам во Реал Мадрид