Дали Марко е светлото во тунелот!?

65

МАкедонската фудбалска репрезентација активно веќе втор ден се подготвува за двата последни мечеви од актуелната Лига на Нации, Б дивизија, во која што Македонија по распоред ги има мечевите против Шкотска односно Словенија.

Со шкотите одиме на мегдан на гости во петок додека три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме Словенија.

Нашата секако примарна цел, е во оваа кампања конечно да постигнеме гол, и преку него евентуално да стигнеме до поволен резултат односно бодови.

За таа намена нападот мора да се поправи, а кога сме кај него веќе е познато дека има измени. Го нема Бојан Миовски човекот кој што и последен погоди за Македонија во оној дебакл против Велс, за да на негово место пристигне во моментов играчор на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски.

Некогашниот младински репрезентативец за прв пат добива шанса во А националниот тим, а како што е тоа обичај на последниот тренинг доби и стандардна „заушка“ од новите соиграчи.
Искрено се надеваме дека ете, токму Ѓорѓиевски ќе биде тој што ќе го „скрши мразот“ и конечно во националниот дрес ќе ја затресе противничката мрежа. Дали е тој оној кој што ќе „биде светло на крајот од тунелот“ за нашата неефикасност останува да почекаме до петок.

 

ПретходноПартизан одржа комеморација за Џевад Прекази