Македонската фудбалска репрезентација до 19. години со реми без голови го отвори квалификацискиот турнир на кој што сме домаќини.
Нашите надежи предмалку на стадионот „Кукуш“ во Турново во одлични услови и тревнат терен, одиграа 0:0 со репрезентацијата на Северна Ирска во тврд натпревар без многу шанси на обете страни.
Македонија се обидуваше на повеќе наврати да создаде вишок, да створи шанса пред противничкиот гол но сепак, за жал, тоа на македонските репрезентативци овојпат не им појде од рака. Хоџа ја имаше нашата најсериозна можност, но неговиот удар беше осуетен од голманот на Северна Ирска. Од друга страна пак, ирците во послендите минути од мечот од слободен удар ја погодија гредата од нашиот гол.
Па така, по првото коло имаме еден освоен бод, а во вториот дуел се среќаваат репрезентациите на Малта и Швајцарија.

Македонија: Трајков, Абдулрахмани, Цветковски, Маркоски, Рочи, Куртиши, Талески, Велков, Стојковски, Танчев, Хоџа
Играа уште: Грашески, Мрмачоски, Мустафи










