Од 11 до 15 Ноември во Невшехир, Турција, Бојана Јовевска и Јован Пармачки ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во категоријата до 13 години. Двајцата млади таленти од Берово ги предводи тренерот на клубот од овој град Јован Ковачовски.
Ова е уште една можност за собирање искуство на младите играчи во нивната изградба во професионални спортисти и да покажат колку се подготвени да се претстават на меѓународна сцена. Јовевска и Пармачки поминаа неколку тренинг кампови оваа година, најпрво во рамки на China Table Tennis College, а потоа и со официјален тренер од Меѓународната пинг понг федерација организирани од пинг понг федерацијата. Тоа значи дека играчите се подготвени да се сретнат со најдобрите во Европа и да покажат резултат.










