Голем трилер, невиден пресврт и важна но и голема победа за репрезентацијата до 19 години на Македонија денеска во Турција каде на квалификацискиот турнир е совладана фаворизираната Унгарија со 2:3.
Нашите момци имаа негатива од 2:0 но се вратија во мечот и со хет-трикот на „гол машината“, Стефан Ристиќ стигнаа до големиот успех.
Розбусниот голгетер во 55, 87 и 95 минута ја „тресеше“ Унгарија со што ги олтвори портите на неговата геренарција да ја мине првата фаза од квалификациите и да се пласираат во елитната група.
„Македонски дијамант“, вака гласи пораката од Белград и од ФК Партизан од каде го поздравија големиот успех на младиот Ристиќ кој е член токму на младинските екипи на „црно-белите“.
Аплазу заслужуваат сите наши момци кои се во Трабзон и кои херојски го одиграа овој меч а кои се предводени од селекторот Иљами Исејни.
Но, тука не смеат да застанат. Следи лесниот дуел со Сан Марино и пресметката со домашната Турција. Големи се шансите да се мине групата и да се игра на турнир во март за пласман на ЕП.










