Оваа сезона градското дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички треба да биде поинакво од сите оние на кои сме навикнале во претходните години. Актуелниот македонски првак доминираше во меѓусебните пресметки со најтрофејниот кошаркарски колектив, но сега сето тоа треба да се промени.
Тука не мислиме само на играта и резултатите, туку и на трибините. Навивачите на двата тима треба да ја вратат препознатливата атмосфера во која одамна не уживале сите кошаркарски „гурмани“.
Првата пресметка е во понеделник, а домаќин е МЗТ Скопје, кој го пречекува незапирливиот Работнички. Тимот од „Градски парк“ има шест победи во низа и како лидер ќе влезе во овој дуел.










