До сега купени само 40 билети за „Фаланга“ секторот на „Хемпден“ парк

138

Македонскиот фудбалски национален тим утре со почеток од 20:45 часот ќе го одигра претпоследниот дуел од актуелната Лига на Нации кампања, Б дивизија, против репрезентацијата на Шкотска на гостински терен во Глазгов.

Избраниците на селекторот Гоце Седлоски веќе се упатија кон Шкотска утринава, а вечерва секако ќе го имаат и официјалниот тренинг.

Мечот се игра на познатиот Хембден парк во Глазгов кој што е со капацитет од 51.866 гледачи.

Како што е тоа вообичаено, резервиран е сектор за гостински навивачи, во случајов нашата „Фаланга“ која што според моменталните информации, и не е премногу заинтересирана за овој меч.

Резервираниот сектор е со капацитет од 3000 навивачи, а засега се купени само 40 билети. Дали до утре таа бројка рапидно ќе се зголеми или нашиот сектор ќе биде полу празен остануав да видиме.

ПретходноТрајановски стрелец за Хрватска, Михајловски цел натпревар за Швајцарија
СледноЛига Нации: Франција без Мбапе на „Сан Сиро“, Јамал ќе го “прескокне“ дуелот со Чешка (ФОТО)