Денвер го победи Мемфис со 123:118 во новиот натпревар од НБА лигата.Џамал Мареј постигна 17 од своите 30 поени во последната четвртина, додека српскиот центар Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 27 поени, 11 скока и осум асистенции.
Јокиќ беше блиску до својот трипл-дабл, а за 37 минути игра постигна 10/16 од поле, 1/3 за три и 6/8 за пенали, но треба да се каже дека во неколку наврати беше удиран од противничките кошаркари.
Cam Spencer INTENTIONALLY hit Jokic in the nuts 😳 https://t.co/J1UII4u2KE
— BrickCenter (@BrickCenter_) November 12, 2026
Камерон Џонсон додаде 23 поени за Денвер, вклучувајќи тројка на минута и секунда до крајот, по асистенција од Јокиќ, што им донесе водство на Нагетсите од 120-113.
Денвер, од друга страна, го доби својот петти натпревар во последните седум натпревари.
Во текот на целата средба, Нагетс никогаш не заостануваа, а на почетокот на втората четвртина имаа максимална предност од 18 поени. Сепак, домаќинот не се предаде и успеа да го доведе натпреварот до неизвесна завршница.
Џером го намали резултатот на 115:113 со кош на две минути и 42 секунди пред крајот, но Денвер одговори. Џонсон погоди за пет поени и практично го реши натпреварот во корист на гостите.
На останати мечеви се постигнаа следните резултати:
Индијана – Вашингтон 114:101, Њујорк – Кливленд 107:115, Торонто – Бостон 93:98, Чикаго – Сан Антонио 119:124, Њу Орлеанс – Бруклин 111:145, Јута – Орландо 108:123, Хјустон – Голден Стејт 115:108, Портланд – Оклахома 118:108.










