Алими доби брендирани шампионски патики со дресот на Македонија

0

Исник Алими ги живее шампионските денови во Кина. Македонскиот интернационалец е сензационален првак со својот тим Далиан, и како и неговите соиграчи е во центарот на вниманието на една од најголемите земји во светот.

Во екот на прославата, Алими и другарите од клубот добија брендирани патики со логото на клубот, но и со за нас далеку поинтересно, логотот на ФФМ и ликот на Алими со дресот на Македонија.
Тоа исто ФФМ кое што во моментов ете, не смета на Алими односно не е дел од националниот тим, иако во изминатиот период имаше солидна минутажа за Македонија.

Сепак, ете, кинезите и Алими не забораваат бргу па ете, на брендираните патики на другата страна од светот, и македонскиот дрес доби заслужено место.

ПретходноДаниел Димевски одговори без аргументи по иницијативата на УО на КФСМ