Гаштаров: За Македонија секогаш треба да го дадеш максимумот

1

На официјалната прес-конференција во Глазгов пред утрешниот натпревар со Шкотска во Лигата на нации, младиот македонски репрезентативец Матеј Гаштаров најави дека со голема мотивираност го очекува настапот во дресот на македонската репрезентација.

„Кога го носиш македонскиот дрес, не ти треба друга мотивација. Секогаш треба да го дадеш максимумот и да го оставиш срцето на теренот. Играме против една голема Шкотска, која има квалитетна репрезентација. Имаме и ние одлични фудбалери, кои се во добра форма. Кога ќе излезам на теренот, сакам да уживам. Играме против големи репрезентации, но немам притисок“, порача младиот фудбалер на белградска Црвена звезда.

ПретходноСедлоски: Играчите се во подобра форма, знаеме каков фудбал игра Шкотска