Игор Карачиќ: Во Вардар ми должеа 15-18 плати, морав да барам пари од татко ми!

0

Игор Карачиќ беше дел од златната генерација на Вардар, генерација која ја покори Европа. Хрватот беше еден од клучните играчи кои однесоа Вардар на врвот на Европа.

Сепак според неговите зборови, не било се така идеално барем кога се во прашање финансиите.

Имно самиот Карачиќ во едно интервју “Кариера во ретровизор“ покрај другото го кажа и ова:
„Во Вардар тој период кога ја освоивме втората титула во Лигата на шампионите немав земено плата некаде од 15 до 18 месеци. Морав да барам пари од татко ми, а во еден момент му кажав дека размислувам и да се откажам од ракометот“, изјави Карачиќ

ПретходноМакедонија “летна“ за Глазгов! (ФОТО)