Македонскиот фудбалски национален тим утре со почеток од 20:45 часот ќе го одигра претпоследниот дуел од актуелната Лига на Нации кампања, Б дивизија, против репрезентацијата на Шкотска на гостински терен во Глазгов.
Избраниците на селекторот Гоце Седлоски веќе се упатија кон Шкотска утринава, а вечерва секако ќе го имаат и официјалниот тренинг.
Мечот се игра на познатиот Хембден парк во Глазгов кој што е со капацитет од 51.866 гледачи.
Како што е тоа вообичаено, резервиран е сектор за гостински навивачи, во случајов нашата „Фаланга“ која што според моменталните информации, и не е премногу заинтересирана за овој меч.
Резервираниот сектор е со капацитет од 3000 навивачи, а засега се купени само 40 билети. Дали до утре таа бројка рапидно ќе се зголеми или нашиот сектор ќе биде полу празен остануав да видиме.











