Кога ќе се вратиме назад низ времето, на денешен ден пред точно шест години во најавата на нашиот портал пред дуелот со Грузија во Тбилиси, едноставно посакувавме испишување на историја. Ова фото е од тој ден, 12 ноември 2020 година.
И добивме историја со голот на Пандев за пласман на ЕП 2021 година. Победа над Грузија среде Тбилиси. Македонија “експлодираше“ од радост еуфорија. Селекторот Ангеловски, Пандев, Адеми, Ристовски, Несторовски, Елмас, Алиоски, Димитриевски и останатите беа нашите херои.
Тогаш покажавме како се игра(ше) за Македонија. Тогаш со Ангеловски и Милевски како селектори, бевме фактор во фудбалска Европа. За 1,5 година ја победивме Грузија во баражот за ЕП, ја победивме Германија на гости во квалификациите за СП 2022, игравме на ЕП, а потоа ја победивме Италија на гости во баражот за СП 2022. Бевме на 90 минути до Мундијалот во Катар.
Каде сме сега?
Сега не бараме историја! Сега бараме и се “молиме“ за гол.
Неверојатно!
Сега во пресрет на утрешниот меч со Шкотска во Глазгов најавата ќе биде -АЈДЕ МОМЦИ ДАЈТЕ ГОЛ…!
Еве како беше на 12 ноември 2020 година во Тбилиси…










