Гоце Седлоски урива рекорди како селектор на А-репрезентацијата на Македонија. Вечерва тој ја предводеше Македонија по деветти пат и повторно остана без победа, ако е за утеха тогаш му се израдува на првиот гол и тоа по 777 минути. Каква ли и иронија, требаше да се “врзат“ три седмици за да сите ние се израдуваме на првиот гол под негово водство.
Сега некој ќе каже – игравме вака, па така, игравме добро, ама реално резултатот е 2:1 за Шкотска, тоа се важи.
И што да се каже по еден ваков меч, по уште еден пораз на Македонија. Ова е петти пораз во исто толклу мечеви, сега ни останува во понеделник дома против Словенија да одиграме подобро, да победиме и конечно да се израдуваме на први бодови.
Тоа сите го сакаме, ама некако тешко оди.
Искрено, не дека вечерва во Глазгов на “Хемпден Парк“ бевме толку лоши, напротив. Имавме свои шанси за реми, можеби ова беше најдобрата партија на Македонија во овој циклус во Б Лигата на Нации, ама бадијала.
На крајот Шкотска – Македонија 2:1.










