Се радуваме на гол, поразите ги броиме!

467

Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација во најновото издание на Лигата на Нациите, Б дивизија. Овојпат на гостувањето кај Шкотска, каде што иако одигравме најдобри деведесет минути во оваа кампања сепак, загубивме со конечни 2:1.

Откако заврши дуелот, можеме да констатираме дека Македонија овојпат ама навистина немаше среќа, затоа што загуби на незаслужен начин. Ајде да тоа Шкотска го направи преку една од неколкутите зицер ситуации што ги имаше, а мора да признаеме дека ги имаше, туку тоа го направи со ВАР досуден пенал по речиси две минути од ситуацијата.

Како и да е, избраниците на селекторот Гоце Седлоски овојпат барем направија да биде овој меч гледлив за нас. Да имаме за што да разговараме позитивно, затоа што и навистина имаше такви моменти. Погрешивме за двата гола, но барем конечно по стотици и стотици минути постигнавме гол. Нашиот херој се вика Елмин Растодер кој што го постигна својот првенец во дресот на Македонија.

Мектоминеј промашуваше во првиот дел за домаќинот

Стартот на самиот меч, го донесе обидот на Дориев кој биеше покрај голот на Шкотска, за да потоа домаќинот ја има комплетната иницијатива. Скот Мектоминеј во голгетерски фазон доби топка во нашиот шеснаесетник, го издржа дуелот со Младеновски се заврте и шутираше, силно. Димитриевски ја има својата прва супер реакција.

Некаде по половина час, Адамс биеше со глава, Дориев ја закачи топката во обид да расчисти, таа замина кон голот, а Димитриевски повторно на ниво. Мектоминеј следно пробува со „ножички“, за да потоа, има зицер ситуација во која излезе сам пред нашиот гол откосо, го истестира Димитриевски повторно но нашиот голман во првиот дел беше одличен.

Нашиот момент во првото полувреме го имавме на крајот, кога Елмас одлично асистира за Чурлинов, овој уште поубаво за Барди кој бие покрај голот на Шкотска.

МекГин ја казни нашата грешка

На стартот на второто полувреме, Алиоски и Муслиу погрешија, Адамс пресече една топка, прекрасно додаде за Гилмор, а овој нерално промашува празна мрежа од само пет метра.

Сепак, шкотите се поправија по неколку минути, односно во 54., кога избиената топка не успеавме да ја примиме во нозе како што треба, погрешија Елмас и Муслиу, а тоа користи Меккгин кој што пласира овојпат неодбранливо.

Растодер конечно погодува за Македонија

Сепак, радоста на домаќинот траеше кратко. Само што тргнавме од центар, изнудивме корнер, а по него и Македонија израмни. Постигна гол по огромна пауза.

Капитенот Барди со перфектен центаршут на прв дирек, а таму Елмин Растодер со својот првенец за Македонија прекрасно ја врти топката на втор дирек.

Во мандатот на Седлоски гол постигнавме по 777. минути, додека пак, Македонија реализира по вкупно 844 минути без погодок.

ВАР ни досуди пенал по неколку минути

Тоа е тоа. Некогаш тој ВАР ќе донесе многу, некогаш ќе ти земе. Овојпат на штета на Македонија. Ганон Доак во дуел со Димитриевски речиси беше излезен од полето, но искусно ја остави левата нога за контакт со нашиот голман. Во првиот момент, судијата не досуди најстрога казна, но ВАР по цела, минута – две ја прекина играта го повика арбитарот, и тој по прегледувањето на снимката досуди најстрога казна.

МекГин повторно не казнува. Реализира од белата точка за ново домашно водство.

 

Б Лига Нации – група 4

ШКОТСКА – МАКЕДОНИЈА 2:1 (0:0)

“Хемпден Парк“ во Глазгов. Судија: Михал Оченаш (Словачка). Стрелци: МекГин 54., 74 (п), (ШКО), Растодер 57.(МАК).

ШКОТСКА: Ган, Портеус, Грахам, Тиерни, Робертсон, Гилмор (76. Кристи), Фергусон, Ганон – Доак (76.Хики), МекГин, МекТоминеј, Адамс (67.МекБурни).

Селектор: Себастијан Покоњоли.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Алиоски, Муслиу, Младеновски, Илиевски, Гаштаров (64.Елези), Елмас (78.Станковски), Барди, Чурлинов (64.Малески), Растодер (78.Омерагиќ), Дориев (85.Николов),

Селектор: Гоце Седлоски.

ПретходноКошмар за капитенот на Елче: Маскирани разбојници му го ограбиле домот додека тој со децата се враќал дома
СледноСедло без победа и во 9-тиот меч, му се израдува на првиот гол по 777 минути!