Хезус Овоно доби жестока казна!

0
ФОТО:facebook.com/LALIGA/

Голманот на Андора, Хезус Овоно, вечерва ја дозна казната за жестокиот старт што доведе до смртта на фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигуел. Овоно ја доби максималната можна суспензија. Тој е суспендиран на 12 натпревари. Правилата на Ла Лига велат дека ова е максималната казна што фудбалер може да ја добие за таков прекршок. „Дванаесет натпревари е максималната казна дозволена според Дисциплинските правила за дејствијата опишани во извештајот на судијата“, се вели во извештајот.

Судијата на натпреварот Тенерифе – Андора, Мануел Анхел Перез Ернандез, во својот извештај изјави дека Овоно употребил прекумерна сила за време на дуелот. Затоа оваа казна е максималната можна. Да потсетиме, на натпреварот од шпанската Ла Лига 2 помеѓу Тенерифе и Андора што се одржа на 2 ноември, Овоно избега од голот обидувајќи се да го спречи Хесус де Мигуел сам да оди кон голот во последните секунди од натпреварот и при резултат 2:2. Следеше брутален старт. Овоно го шутна несреќниот Де Мигуел во градите. Напаѓачот доживеа срцев удар веднаш на теренот. Тој беше итно префрлен во болница, каде за жал почина еден ден подоцна. Обдукцијата утврди дека срцевиот удар се случил како резултат на удар од голманот на Андора.

ПретходноКој ќе биде новиот селектор на САД: Шпанец, ама не е Гвардиола?!