Кошаркарките убедливо поразени од Естонија

0

Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во претквалификациите за Европското првенство 2029 година, откако на домашен терен беше поразена од Естонија со 51-86.

Натпреварот беше решен во првата четвртина. Повторно „црвено-жолтите“ одиграа под нивото, па противникот поведе со 23-9, на одморот беше 30-49. И во третата четвртина Македонија не беше на нивот имаше негатива од 10-24 во овој период, па завршните десет минути беа чиста рутина за Естонија.

Јована Петрушевска постигна 11 поени и пет скока, додека Цветанка Димова имаше десет поени.

ПретходноОва се новите правила на новиот шеф: Покетино воведува ред во Манчестер Јунајтед!(ФОТО)