Вориорс настапија без Стеф Кари, кој ќе паузира најмалку две недели поради скинат мускул на десната страна од стомакот, повреда што ја заработи во средата, во поразот од Хјустон со 115-108. На Голден Стејт очајно му недостигаше расположениот двократен МВП за да избегне ваков убедлив пораз.
Спарс во третата четвртина имаа предност од дури 43 поени, по што актуелниот вицешампион на Западната конференција можеше да ги одмори стартерите и најголемиот дел од клучните резерви во текот на целата последна четвртина.
Вембањама погоди пет од 11 обиди од поле, а ниту еден од двата обида за три поени. На паркетот мина само 21 минута, но го забележа 121. дабл-дабл во кариерата.
Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, доби неспортска лична грешка од прв степен (Flagrant Foul 1), откако со подлактицата го турна Вембањама одзади, по залет, при што францускиот центар падна надвор од теренот на 6:47 минути пред крајот на првото полувреме.
Грин по оваа ситуација ја напушти играта и не се врати до крајот на првото полувреме. Натпреварот го заврши со четири поени, три скока и три асистенции за 16 минути игра.
Голден Стејт го отвори натпреварот со катастрофален шут, погодувајќи само пет од 25 обиди во првата четвртина. Сан Антонио тоа го искористи за да поведе со 38-14. Тоа е најмалиот број поени што некој противник на Спарс го постигнал во една четвртина сезонава, а воедно и најслаб ефект за Вориорс во досегашниот дел од сезоната.
На полувремето, Голден Стејт имаше негатива од 63-33. Тоа е најмалиот број поени што некој противник на Сан Антонио го постигнал во првото полувреме уште од 7 февруари 2018 година, кога Феникс постигна 31 поен.
Касл натпреварот го заврши со 12 погодени од 18 обиди од поле, вклучувајќи пет тројки од осум обиди. Претходниот сезонски рекорд му беше 24 поени, постигнати против Оклахома Сити на отворањето на сезоната. Новиот рекорд го постави со атрактивно забивање по проигрувањето на Вембањама.
Орландо – Милвоки 107:99
Чикаго – Атланта 125:117
Мајами – Кливленд 133:121
Њу Орлеанс – Мемфис 111:142
Хјустон – Јута 125:118
Сан Антонио – Голден Стејт 123:85
Сакраменто – Портланд 107:120
Лос Анџелес Клиперс – Оклахома Сити 113:112










