Халанд и другарите го “решија“ Велс

0
ФОТО:facebook.com/fotballandslaget

Норвешката репрезентација ја победи репрезентацијата на Велс во Осло со резултат од 3:1 во натпреварот од петтото коло од Групата 4 А дивизија. По не премногу интересното прво полувреме, кое Норвежаните го поминаа во неплодна теренска иницијатива, домашната екипа доби предност во 59-тата минута кога Антонио Нуса го доби дуелот и постигна убав гол од работ на пеналот.
Влегувањето на Андреас Шјелдеруп донесе нова димензија во играта на екипата на Стале Солбакен, па играчот од средниот ред на Бенфика ја удвои предноста на својот тим по добра тимска акција и асистенција на Халанд во 68-тата минута, само две минути по влегувањето во игра. Тоа беше знак за Велс да оди на сè или ништо, а таков пристап се исплатеше за гостите во 79-тата минута кога резервистот Дејвид Брукс ја намали негативата на „змаевите“.
Пеналот на Ерлинг Халанд во 86-тата минута ги отстрани сите дилеми во врска со прашањето за победникот, а Норвешка стигна до шест бода и втората позиција на табелата од групата 4. Велс остана последен со три.
Унгарија во Б Лига на Нации победи со 0:2 на гости кај Грузија.
Стрелец на водечкиот гол за Унгарците беше локалниот фудбалер Двали, кој си постигна автогол во 73-тата минута, а Барнабас Варга го постави конечниот резултат во 85-тата минута.
Унгарија е прва на табелата со 10 бода, додека Грузија е последна со само два, а двата тима имаат натпревар повеќе од Северна Ирска и Украина.

ПретходноКошаркарките убедливо поразени од Естонија