Македонската фудбалска репрезентација успеа да постигне гол, но не и да победи против Шкотска на гостински терен во натпревар од Лигата на Нации. Од Глазгов нашиот национален тим се враќа со пораз од 2-1.
Стрелец на единствениот гол за Македонија беше Елмин Растодер, кој покажа дека огромен потенцијал и треба да биде стандардно место во тимот.
„Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава. Ќе повтортам уште еднаш, многу сум горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, изјави Растодер.
Следен противник е селекцијата на Словенија, мечот се игра во понеделник на Аренат „Тодор Проески“.










