Проблем за Реал, се повреди Бернардо Силва

0

Само што фати место во стартниот тим на Реал Мадрид, и заедно со Арда Гулер се движечка сила на екипата, Бернардо Силва ќе мора да паузира.

Се повреди на последниот меч против Данска, за репрезентацијата на Португалија, и го напушти кампот на националниот тим.

Се враќа во Мадрид и дополнително ќе биде објавено за каква повреда станува збор, односно колку истата ќе го оддалечи од теренот искусниот офанзивец.

Единствена добра вест во целата ситуација е што Реал Мадрид во следниот период има нешто полесен распоред и три меча игра на домашен терен. Против Селта, ПСВ Ајндховен и Алавес.

ПретходноНов „судир“ помеѓу Барселона и Бразил: Рафиња не си оди дома и покрај суспензијата