Само што фати место во стартниот тим на Реал Мадрид, и заедно со Арда Гулер се движечка сила на екипата, Бернардо Силва ќе мора да паузира.
Се повреди на последниот меч против Данска, за репрезентацијата на Португалија, и го напушти кампот на националниот тим.
Се враќа во Мадрид и дополнително ќе биде објавено за каква повреда станува збор, односно колку истата ќе го оддалечи од теренот искусниот офанзивец.
Единствена добра вест во целата ситуација е што Реал Мадрид во следниот период има нешто полесен распоред и три меча игра на домашен терен. Против Селта, ПСВ Ајндховен и Алавес.










