Минаа повеќе од 14 месеци: Еве против кого Македонија последен пат се радувала на победа! (ВИДЕО)

1

Кога на 7 септември минатата година на Арената во Скопје, во квалификациски меч за СП 2026, го парчосавме Лихтенштајн со 5:0, ни во најцрните соништа не можевме да претпоставиме дека тоа ќе биде последната победа на Македонија.

Стрелци на головите за Македонија беа автоголот на Бухел по маестралниот продор на Елмас, како и Барди, Чурлинов, Ќамили и Станковски.

Од тој меч минаа и повеќе од 14 месеци а ние уште сонуваме и се прашуваме зарем толку сме тапа за да во наредните 13 натпревари немаме победа туку 5 ремија и 8 порази со гол разлика 3:28.

Билансот со Гоце Седлоски е уште покатастрофален, 9 меча на кои имаме две ремија и седум порази со гол разлика 1:20.

Па, зарем е можно?

Да, можно е! Пострашно е што под водство на сегашниот селектор немаме игра, немаме концепција, немаме ништо. Го загубивме со него се она што беше добро во минатото.

Па така тешко дека со него во блиска иднина ќе се израдуваме на победа, па макар и во лоша игра.

Тој вели дека ова е процес, ама тој процес…

Јасно е дека вечерва е нова шанса, десетта по ред за Седлоски конечно да се израдува на победа, иако и ако дојде до такво нешто, нема битно нешто генерално сликата да се промени дека А-репрезентацијата во оваа 2026 година, под негово водство, е само КАТАСТРОФА.

07.09.2025: МАКЕДОНИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН (5:0)

10.10.2025: Белгија – Македонија 0:0

13.10.2025: Казахстан – Македонија 1:1

13.11.2025: Македонија – Летонија 0:0

18:11.2025: Велс – Македонија 7:1

(селектор Благоја Милевски)

26.03.2026: Данска – Македонија 4:0

31.03.2026: Р.Ирска – Македонија 0:0

29.05.2026: БиХ – Македонија 0:0

01.06.2026: Турција – Македонија 4:0

26.09.2026: Македонија – Швајцарија 0:3

29.09.2026: Словенија – Македонија 2:0

03.10.2026: Македонија – Шкотска 0:2

06.10.2026: Швајцарија – Македонија 3:0

13.11.2026: Шкотска – Македонија 2:1

ВКУПНО: 13 0 5 8 3:28

СО СЕДЛОСКИ: 9 0 2 7 1:20

ПретходноГрчката кошарка седум години не памети вакво нешто!