Нема крај на победничката серија на Лејкерс. Лука Дончиќ постигна 43 поени на гостувањето во Феникс, но и покрај тоа што гостите беа без Остин Ривс, победата на крајот остана во пустината.
Тимот од Лос Анџелес буквално доминираше во првите три четвртини и имаше убедлива предност, но потоа Феникс тргна во потера и во последната минута успеа да ја намали негативата на само два поседа. Сепак, Квентин Грајмс со тројка ги урна надежите на домаќините за голем пресврт.
Лејкерс утре го пречекуваат Шарлот, кој веќе е во градот. Хорнетс синоќа загубија од Клиперс. Ако се погледне традицијата, гостите речиси и да немаат на што да се надеваат, бидејќи имаат дури 17 порази по ред од овој ривал.
Очекуван епилог во Солт Лејк Сити. Сан Антонио ја забележа и 12. победа по ред, додека Јута го претрпе 12. последователен пораз.
Дилан Харпер беше најефикасен со 31 поен, додека Виктор Вембањама средбата ја заврши со 26 поени, 11 скока, шест асистенции и пет блокади. На спротивната страна, Мо Бамба ги погоди сите шест обиди за три поени и постигна вкупно 26 поени.
НБА – РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Далас 131:94
Торонто – Њујорк 108:112 (по продолжение)
Вашингтон – Хјустон 119:147
Милвоки – Атланта 106:113
Сакраменто – Оклахома 103:125
Јута – Сан Антонио 102:110
ЛА Клиперс – Шарлот 113:105
Феникс – ЛА Лејкерс 123:131
Филаделфија – Индијана 131:124










