Поразителен момент: Повеќе публика на кошарка отколку на Македонија – Словенија!

0

Македонската фудбалска репрезентација во овој момент го игра натпреварот против Словенија во рамките на Лигата на нации.

За жал, од Арената „Тодор Проески“ доаѓа тажна слика. Трибините се речиси празни. Ретко кога нашиот национален тим имал ваква очајна посетеност. Според официјалните бројки од претставникот на УЕФА, на трибините има околу 1.875 навивачи. Во некое друго време, кога Македонија ја имала традицијата на своја страна против Словенија, а притоа играла на домашен терен, посетеноста била сосема поинаква.

За болката да биде уште поголема, денеска во СЦ „Јане Сандански“ се одигра дерби-дуелот помеѓу МЗТ Скопје и Работнички. Според официјалните бројки од КФМ, на овој натпревар имало 3.000 гледачи.

И ова е момент за историја: кога игра Македонија, предноста секогаш ја има националниот тим, но не и денеска.

Да се надеваме дека нашите момци ќе успеат да дојдат до победа и со тоа да ја вратат публиката на трибините.

ПретходноПолувреме на Арената: Штурм и носи водство на Словенија против лошата Македонија