Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45 часот) на Арената „Тодор Проески“ ја пречекува Словенија во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Нации.
Во составот за оваа средба во комбинација нема да бидат тројца фудбалери: Себастијан Херера, Имран Фетаи и Димитар Митровски кои не се пријавени.
Во однос на претходниот натпревар против Шкотска, во составот се враќа Атанасов, додека Серафимов исто така е во опција.
Митровски, пак, не успеа да се опорави од повредата. Неговото отсуство е дополнителен хендикеп, особено ако се знае дека настапува за словенечка Олимпија Љубљана.
Македонија во Лига на Нации нема освоено ниту еден бод, има пет порази и се надева дека вечерва ќе успее да дојде до бодови после долго време.










