Македонија и Словенија вечерва по деветти пат ќе ги одмерат силите, а традицијата е апсолутно на наша страна. Во тие осум меча имаме 4 победи, а по двапати сме играле без победник и сме биле поразени. Последниот меч, оној од овој циклус во Б Лигата на Нации кој се одигра на 29 септември “Стожице“ во Љубљана го загубивме со 2:0.
И тоа како е познато дека нашата фудбалска репрезентативна приказна започна со тој легендарен меч во Крањ на 13 октомври во таа далечна 1993 кога на тој прв меч на самостојна Македонија победивме со 4:1, тоа беше пријателски натпревар.
И на следната пријателска со Словенија победивме кога во Скопје беше 2:0 на 23.03.1994. На следните пријателски сме победиле со 3:2 во 2012, сме загубиле со 1:0 во 2016 и сме играле нерешено 1:1 во 2021 на “генералката“ пред ЕП 2021.
Во квалификациите за ЕП 2021 дома победивме со 2:1. а во Љубљана беше нерешено 1:1.
Вкупно значи имаме 4 победи, две ремија и два порази со гол разлика 13:9.
Ова се моментите од последната наша победа против Словенија од 2:1 на тој 10.10.2019 кога под водство на селекторот Игор Ангеловски двоен стрелец во таа победа за Македонија беше Елиф Елмас.










