Грчката кошарка седум години не памети вакво нешто!

0
Фото: Арис

Арис за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ направи нешто што е вистинска реткост во грчката кошарка – во иста сезона ги победи двата најголеми ривали, Панатинаикос и Олимпијакос.

Од Атина кон Солун полека, но сигурно, се прелева квалитетот, а зајакнувањето на Арис и ПАОК, пред сè во финансиска смисла, донесе и поголема резултатска рамнотежа меѓу двата најголеми кошаркарски центри во земјата.

Арис, по Панатинаикос, го совлада и Олимпијакос и направи нешто што не се случило уште од 2019 година. Тогаш Перистери, предводен од клупата од Аргирис Педулакис, во иста сезона успеа да ги победи двата атински гиганти.

Екипата на Василис Спанулис тоа го направи на импресивен начин – на двата натпревари постигна по 100 поени.

Солунскиот тим на 1 ноември го совлада составот на Жељко Обрадовиќ со 101:91, а точно две недели подоцна беше подобар и од екипата на Барцокас со 100:78.

Арис, кој сезонава има само два пораза во сите натпреварувања (од Кардитса и Хапоел Ерусалим), не е лидер во грчкиот шампионат. Интересно, на врвот не се ниту Олимпијакос ниту Панатинаикос, туку вториот солунски тим ПАОК, кој исто така значително го засили својот состав оваа сезона.

Солун конечно ѝ возврати на Атина!

Претходно10.10.2019: Вечерта кога Елмас блескаше во победата на Македонија против Словенија! (ВИДЕО)