Нема ново добро полувреме на фудбалската репрезентација на Македонија. Има уште едни разочарувачки 45. Минути овојпат на домашен терен на празната Арена Тодор Проески во Скопје, против Словенија во рамките на последниот дуел од Лигата на Нациите.
На полувреме губиме со 0:1, а притоа словенците промашија и неколку ситуации за втор гол.
Погодија и греда, поточно самите ја погодивме по обидот на противникот од лево, кога Младеновски во обид да расчисти ќе си постигнеше автогол.
Випотник го истестира Димитриевски но нашиот голман одбрани, пред да се случи водството на Словенија.
Имавме сосема легитимна ситуација пред противничкиот гол, но наместо ние да сме закана, Словенија одработи контра која што исфрли Штурм лево во нашиот шеснаесетник, овој бие под греда неодбранливо.
Потоа Словенија имаше уште две ситуации во кои можеше да реализира, но за наша среќа тоа не и појде од рака.
Единстениот наш удар во голот на противникот го упати Енис Барди од слободен удар од преку триесет метри.
Б Лига нации – група 1
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 0:1 (0:1)
Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Сердар Ѓозубујук (Холандија). Стрелци: Штурм 29. (СЛО).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Илиевски, Младеновски, Муслиу, Алиоски, Елези, Гаштаров, Барди, Елмас, Чурлинов, Растодер.
Селектор: Гоце Седлоски.
СЛОВЕНИЈА: Облак, Дркушиќ, Зец, Залетел, Јанжа, Карничник, Церин, Ловриќ, Штурм, Матко, Виповник.
Селектор: Боштјан Цесар.










