„Лалињата“ доживеаја историски дебакл каков не паметат 70 години

0
фото: OnsOranje (X)

Фудбалската репрезентација на Холандија синоќа доживеа историски дебакл во Лигата на нации, откако загуби со убедливи 5:0 на гостувањето кај Германија во Берлин. Ова е најтешкиот пораз за „лалињата“ во официјален натпревар во нивната фудбалска историја, а воедно и најголем воопшто од 1959 година.

Германците одиграа извонреден натпревар пред своите навивачи и ја потврдија првата позиција во групата А2, обезбедувајќи пласман во четвртфиналето. Холанѓаните, пак, и покрај убедливиот пораз, ќе продолжат во нокаут-фазата како второпласирани.

ПретходноСите бројки се против оваа Македонија на Гоце Седлоски!