Кошаркарот на Олимпијакос, Саша Везенков, успеа да постигне тројка од половина терен на натпреварот против Макаби и да добие продолжение за својот тим во „веќе загубен“ натпревар.
Макаби имаше добиен меч, со пет секунди до крајот на нападот и три разлика, а потоа Јам Мадар упати неразбирлив шут од осум метри, го промаши целиот кош и го остави Олимпијакос со 1,4 секунди за напад. Беше идеално за Саша Везенков, кој ја прими топката со грб свртен од кошот, а потоа ја смести во кош за 82:82.
Реакцијата на Еван Фурние, кој се фати за глава во неверица, кажува повеќе од илјада зборови, и се чини дека дури ни Везенков, колку и да е мајсторски вешт, не би можел да го повтори овој шут, да шутира уште 50 пати.
Во продолжение исто така трилер, но сега Џозеф погоди за три поени и за победа од 95:97.
Sasha Vezenkov. Saygılar hocam… https://t.co/1jOf3zIPyO
— Ferhat Yeşiltaş (@NeoRock06) November 17, 2026










