Пелистер со херојски пресврт до прва победа во Европската лига

48

Пелистер конечно ја запиша првата европска победа, откако на домашен терен славеше против Гумерсбах со 29-28 во натпревар од четвртото коло во Европската лига. Избраниците на Лино Червар се врати од негатива од пет гола и одиграа фантастично второ полувреме.

Со овие бодови македонскиот тим се врати во игра за пласман во следната рунда, има три бода исто колку и Ла Риоха. Лидер е Гдањска со шест бода, два помалку има Гумерсбах.

Лидер и главен виновник беше Никола Митревски, кој беше фантастичен на голот, запиша 15 одбрани. Капитенот Филип Кузмановски беше стрелец на седум гола, пет имаше Павле Атанасијевиќ.

Во првото полувреме видовме израмнета игра до 15-тата минута. По 8-9, гостите со серија од 4-0 поведоа со највисоки плус пет (8-13). Истата предност ја имаа и на полувремето (9-14).

Македонскиот тим одигра одлични девет минути во второто полувреме, во кои со серија од 7-2 израмни на 16-16, предизвикувајќи делириум на трибините. Голем удел во враќањето во игра имаше искусниот голман Никола Митревски.

Од тој момент се играше гол за гол. Судиите имаа невообичаен критериум, па германскиот тим во средината на второто полувреме повторно дојде до предност од два гола (20-22). Иако Кузмановски имаше реализација од 1/2 од седум метри, сепак Граховац успеа да донесе ново израмнување (22-22) пред 50-тата минута. Неизвесноста продолжи, битката на теренот се вжешти, а Лино Червар остана без Самоил Ристевски, кој заработи црвен картон.

Во 56-тата минута, Видомски при резултат 26-27 направи техничка грешка, но за голема среќа на македонскиот тим, грешеше и противникот. Серафимов го искористи тоа и од седум метри израмни на 27-27, носејќи голема драма во салата „Боро Чурлевски“. Митревски со 13-тата одбрана донесе нов пресврт, Серафимов на две и пол минути до крајот донесе водство од 28-27. По новата грешка на гостите, битолчани имаа напад за плус два, Нтанзи реализираше за 29-27. Пелистер успеа да оддолее на притискот и на крајот сосема засмужено да слави.

Следен противник на македонскиот тим е Гдањкс, претходно битолчани ќе одиграат дерби дуелот против Алкалоид.

ПретходноНавивач доби условна затворска казна од 11 месеци за расистички навреди кон Мбапе