Македонија во неславно друштво: Само пет репрезентации ги загубија сите натпревари во Лигата на нации

0

Македонската фудбалска репрезентација го заврши настапот во групната фаза на Лигата на нации со негативен биланс од шест порази на шест натпревари. Нашата селекција е меѓу петте национални тимови во сите сегменти на ова издание на натпреварувањето не успеаја да освојат ниту еден бод, заедно со Србија, Турција, Чешка и Сан Марино.

Интересно е што Србија, и покрај тоа што настапуваше во најсилната А-лига, се најде во центарот на вниманието по продолжувањето на црната серија. По поразот од Грција со 1:0, Србите стигнаа до осум последователни порази во сите натпреварувања, со вкупна гол-разлика од 5:20. Во Лигата на нации, пак, завршија на последното место во групата без освоен бод.

Избраниците на Гоце Седлоски ги загубија сите шест натпревари во групата Б1, во конкуренција на Швајцарија, Словенија и Шкотска. Притоа постигнаа само еден гол, а примија дури 15. Сега вниманието се насочува кон мартовскиот бараж за опстанок во Б-лигата. Македонија ќе има можност преку двомеч да ја поправи лошата слика од групната фаза, а противник ќе биде една од селекциите на Белорусија, Кипар, Фарските Острови или Естонија.

ПретходноДориев самокритичен: Ние сме главни виновници, недостига дисциплина