Македонија ги доби противниците и распоредот за Европската лига 2027

0

Македонската машка одбојкарска репрезентација сега може слободно да почне да се подготвува за она што и следува во следниот период. А тоа секако е настапот во Европската лига 2027 година за која што денеска ги добивме противниците, а и распоредот на мечеви кои што треба да ги одиграме.

Истава кампања е во улога и на втора рунда од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

Агендата на мажите започнува викендот од 4 до 6 јуни кога гостуваат во Грција. На 4 јуни се соочуваат со домаќинот, јужниот сосед, додека на 5 јуни играат со Норвешка.

Една седмица подоцна, викендот од 11 до 13 јуни, пак, патуваат за Чешка, каде го играат вториот турнир. На 11 јуни ќе ги измерат силите со Чесите, додека на 12 јуни за противник ја имаат Босна и Херцеговина.

Македонија, според распоредот од ЦЕВ, е организатор на турнир во третиот викенд кога на 18 јуни ќе ја пречека Словачка, додека на 20 јуни игра со Австрија.

Според пропозициите на ЦЕВ, пласман на ЕвроВолеј 2028 во машка конкуренција имаат обезбедено европскиот првак Полска, Црна Гора како еден од организаторите, а дополнително ќе бидат познати и имињата на другите тројца ко-организатори кои ќе имаат обезбеден билет. Најдобрите четири селекции од Европската лига 2026: Финска, Холандија, Данска и Израел исто така имаат потврдено учество.

Листата треба да биде комплетирана со четирите најдобри репрезентации од Европската лига 2027 година, додека преостанатите 11 места ќе бидат распределени според ЦЕВ-ранкингот по завршување на Европската лига 2027, како и ФИВБ Лигата на нации 2027.

ЕВРОПСКА ЛИГА 2027 МАЖИ

ПРВ ТУРНИР – Грција 04-06.06.2027

04.06 – Македонија – Грција

05.06 – Норвешка – Македонија

ВТОР ТУРНИР – Чешка 11-13.06.2027

11.06. – Македонија – Чешка

12.06. – БиХ – Македонија

ТРЕТ ТУРНИР – Македонија 18-20.06

18.06 – Словачка – Македонија

20.06. – Македонија – Австрија

ПретходноСе огласи Кек по повод селекторското место на Македонија