Очекувано, Македонија има пад од две места на ФИФА листата, по двата порази во последниот месец од Шкотска (1:2) и Словенија (0:3). Па така четата на селекторот Гоце Седлоски се најде на 73.место, што е пад од две позиции во однос на последниот ранкинг.
Како играме се чини дека и ова 73.место не е така лошо, а по се изгледа дека ако некои работи под итно не се променат, како прво да се направи смена на селекторот, ќе се приближиме опасно и до 100. место што секако дека ќе биде рамно на катаклизма.
Да се надеваме дека нема да се “разбудиме“ еден ден на таа позиција на ФИФА ранкинг листата, иако кај нас се е можно.










