Рустемовски со победа стартуваше на Европското У23 првенство

1

Македонскиот боксерски репрезентативец, Ален Рустемовски со победа го стартуваше неговиот поход на Европското првенство У23 кое што се одржува во Пореч, Хравтска.

Обезбеден е триумф над Јакуб Палка од Полска со прекин во третата рунда.

Во првата рунда му броеја на Палка по едно силно десно кроше на Ален. Не се штедеа да влезат во размена на удари.

Полјакот влезе поагресивно во втората рунда, демонстрирајќи брзина, но Ален успешно ги избегнуваше неговите удари.

На почетокот на третата рунда му броеја по силен директ, уште еден силен удар на минута до крајот и броење, по што судијата ја прекина борбата.

На ЕП ќе настапат 276 боксери во машка и женска конкуренција.

Резултати Европско првенство У-23:

60 кг Ален Рустемовски – Јакуб Палка (Полска) 5-0 ТКО Р3 1/8 финале

 

ПретходноАрда уште долго ќе биде звезда на Реал Мадрид