Одбојкарската федерација на Македонија, заедно со машката и женската сениорска репрезентација ќе бидат организатори на турнирите од третиот и последен викенд од Европската лига 2027 година, закажан за периодот од 18 до 20 јуни.
Двојна програма ќе имаат А националните селекции, во финишот на втората рунда од квалификациите за Европското првенство 2028.
Според распоредот од ЦЕВ, машката репрезентација на Македонија на 18 јуни ќе ја пречека Словачка, додека на 20 јуни игра со Австрија.
Дамите како домаќини го имаат истиот распоред, но на 18 јуни играат со Исланд, додека на 20 јуни ќе се соочат со Луксембург.
ОФМ дополнително ќе го дефинира градот и салата во кои ќе бидат организирани турнирите од Европската лига 2027 година.
ЕВРОПСКА ЛИГА 2027 МАЖИ
ТРЕТ ТУРНИР – Македонија (18-20.06.2027)
18.06.2027 – Словачка – Македонија
19.06.2027 – Австрија – Словачка
20.06.2027 – Македонија – Австрија
ЕВРОПСКА ЛИГА 2027 ЖЕНИ
ТРЕТ ТУРНИР – Македонија (18-20.06.2027)
18.06.2027 – Исланд – Македонија
19.06.2027 – Луксембург – Исланд
20.06.2027 – Македонија – Луксембург










