Домашниот машки ракометен Супер-лига шампионат, денеска повторно е во центарот на вниманието. Се игра дербито помеѓу Алкалоид и Е. Пелистер во Скопје во салата „Автокоманда“ со почеток од 18:00 часот.
Во рамките од 11. коло ова ќе биде дерби кое што на огромно задоволство на публиката ќе биде проследено со директен пренос. Македонскиот ракомет во моментов има проблем на оваа тема, а ете сега МТВ 3 излегува во пресрет.
Ракометот е убедливо најпопуларниот спорт во Македонија во моментов, и домашниот шампионат секогаш се следи со многу внимание. Затоа е потребна што поголема медиумска поктрепа и тв преноси кои што ќе бидат задолжителни.










