Исејни: Оваа генерација има многу потенцијал, но има и многу работа пред себе

1

Македонската репрезентација до 17. години се пласираше во елитниот дел од квалификациите за ЕП. Таа на почетниот квалификациски турнир одржан во Турција, во конкуренција од репрезентациите на Унгарија, Сан Марино и Турција, го освои второто место во групата со две победи со што ја исполни зацртаната цел.

Селекторот Иљами Исејни е предводникот на оваа генерација, и тој по враќањето од Турција, даде опширно интервју за СпортСпорт, во кое што ги анализира последните настапи и се она што се случуваше таму.

„Турнирот во Турција го оценувам како успешен затоа сто имавме можност, да ги одмериме силлите со квалитетни противници како Унгарија И Турција без да го потцениме и Сан Марино кои последниве години има голем напредок во младинските категории. Екипата покажа карактер, дисиплина, и желба да се натпреварува со квалититни противници и тоа ме радува многу. Севкупно, овој турнир беше големо искуство за ова генерација, за нивен понатамошен развој, вклучувајќи го тука и постигнатиот успех“ – вели селекторот Исејни за СпортСпорт, па додава.

„При самото пристигнување во Турција во нашиот табор се чувствуваше таа добра атмосфера, желба за победа, за успех. Триумфот над Унгарија беше многу значаен. Резултатски пред се, а самодовербата отиде на највисоко можно ниво. Се најдовме во тешка ситуација, губевме 0:2, но покажавме огромен карактер, капацитет, дисциплина, не се „распаднавме“ напротив. Таа победа, тој пресврт многу ни го олесна патот потоа“ – вели селекторот па во еден здив продолжува.

Генерација со квалитет но и простор за напредок

„Оваа генерација има многу потенцијал, но како и секоја која што е составена од млади играчи и аномалии кои треба да бидат надминати, да се работи на нив. Во периодот кој претстои тие недостатоци треба да ги надминеме, напорно да работите. Свесни сме дека сеуште заостануваме од селекции како Турција ете на пример или Шпанија, Германија….мора напорно да работиме за таа разлика биде се помала и помала“ – додава нашиот селектор.

На психилошкиот момент мора да работат и во клубовите

„Според мене, на тој психолошки момент, мора младите играчи далеку повеќе да бидат подготвувани во самите клубови од каде што доаѓаат. Не смее да им се става императив на победа, на резултат, затоа што се тоа млади играчи, во развој. На овие момци мора да им се всади дисциплина, одговорност и победнички менталитет. Тоа е клучно“ – смета Исејни.

Генерации не се споредуваат меѓу себе, секоја си има свое…

„Не би сакал да го споредувам оваа генерација со нитуе една од претходните кои што биле успешни. Секоја си има свој карактеристики, предности, недостатоци, свој колективан и индивидуален потенцијал. Во моментот би рекол дека ова е генерација со потенциал ,но треба многу да работиме да се подобриме и да имаме напредок.Не треба да се задоволиме со постигнатиот резултат да застанеме така, туку треба поставиме нови цели, и дострели. Насата цел не треба да ни биде да победиме на еден меч еден турнир, или нешто такво. Нашата основна цел мора да биде создавање на квалитетни фудбалери кои што ќе се носители на националниот тим со години нанапред. Кои што ќе бидат стандардни А репрезентативци. Тоа е главната цел на младинските репрезентации“ – вели У17 кормиларот на Македонија па поентира.

„Пласманот секако треба да е уште поголем мотив за младите играчи. Да се докажуваат, да работат, да бидат мотивирани. Би сакал да се заблагодарам и на целокупната организација, ФФМ, претседателот Масар Омерагиќ, на неговите соработници за поддршката која што ни ја даваа во текот на турнирот. Ќе вратиме со уште добри игри и резултат“ – вели Иљами Исејни.

 

ПретходноМилан го носи Ендрик за 70 милиони евра, Реал има уште едно барање!