ФОТО НА ДЕНОТ – Никола Костески!

0

Алкалоид го одигра најдобриот натпревар од стартот на сезоната. Ако против Вардар му фалеа добри завршни 15 минути за победа или бод, вечерва момците на Кирил Лазаров успеаја да го задржат потребното нивото на игра за голем триумф против Пелистер 30:28, беа на чекор до перфекција. Еден од главните лидери на тимот од Автокоманда беше Никола Костески. Искусното крило ја даде потребната сигурност на теренот, беше беспрекорен од линијата за седум метри, вистински мотиватор. Зад своето име запиша седум гола од исто толку обиди, шест од нив ги постигна од седум метри. Неговата фантастична партија беше само дел од мозаикот на Алкалоид за совршена вечер и награда за сите што ги подржуваат.

ПретходноНаполи ја одреди цената за слободата на Де Брујне