ГРК Тиквеш и досегашниот тренер Кристијан Грчевски ја прекинаа соработката, откако стратегот одлучи да се повлече од кормилото на кавадаречкиот суперлигаш.
Одлуката била донесена на заеднички состанок на раководството на клубот, Надзорниот одбор, стручниот штаб и ракометарите на првиот тим. Управниот одбор ја прифатил одлуката на Грчевски, а во наредниот период ќе бидат завршени и сите формални постапки согласно договорот и клупските акти.
Така, Тиквеш ќе мора да бара ново решение за тренерската позиција, а останува да се види кој ќе го предводи тимот во продолжението од сезоната.










